Во Киев издадено предупредување за воздушен напад

kiev
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во украинската престолнина Киев и во регионот на Киев денеска е издадено предупредување за воздушен напад, откако воздухопловните сили на таа земја соопштија дека од Црното Море се лансирани неколку руски ракети „Калибр“ во правец на Киев.

Предупредувањето за воздушен напад e издадено на денот кога делегацијата на африканските земји предводена од јужноафриканскиот претседател Кирил Рамафоса пристигнала во Киев како дел од мировната мисија.


Рамафоса, заедно со лидерите на Сенегал, Замбија, Коморските Острови и Египет, денеска треба да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а утре треба да отпатува за Санкт Петербург, Русија, на разговори со рускиот претседател Владимир Путин.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK