Вучиќ: Курти сам призна дека ги прекршиле нормите на меѓународното право, Пирц: Дијалог, дијалог, само дијалог

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар на прес-конференцијата, зборувајќи за апсењето на припадниците на косовската полиција повтори дека никогаш не се случило припадници на српската војска или полиција да ја преминале административната граница со Косово, јави дописникот на МИА од Белград.

– Ако го прашате КФОР, тие ќе кажат дека статистички Србија никогаш не го направила тоа, од друга страна, има неколку работи кои се многу важни што мора да ги знаете, да сметате дека Курти сè што кажал е вистина, дека тој самиот призна да тие ги прекршиле сите норми на меѓународното право. Тој рече дека тие биле 300 метри во административната територија во рамките на Косово, но дали вие знаете дека тие немаат право да бидат таму. Кога ќе дојдат на километар мора 36 часа претходно да се пријават во КФОР, тие немаат право воопшто да бидат таму, не смеат според воено-техничкиот договор, рече Вучиќ.


Кога станува збор за средбата со амбасадорите на Квинта, Вучиќ рече дека Србија е подготвена да даде целосен увид во евиденцијата.

– Понудив не само да ги погледнат сите снимки, спремни сме да дадам целосен увид, докази, сè да се види и полицијата и војската. Им ги понудивме нашите лицата кои апсеа, да донесат вештачење, да донесат свои полиграфи и да им поставиме две прашања, дали сте учествувале во апсењето на овие лица и дали сте ги уапсиле на територијата на централна Србија или на АП на Косово и Метохија. И сите лица се подготвени да одговорат на тие прашања, рече Вучиќ.

Тој додаде дека ситуацијата на Косово е ужасно тешка и дека се обидува да го зачува мирот по секоја цена, но има работа со луѓе кои по секоја цена не сакаат мир и дека се надева дека ЕУ и САД ќе имаат доволно сила да ги вразумат оние кои се однесуваат ирационално.

Претседателката на Словенија на прес конференцијата изјави дека би сакала да ја види имплементацијата на ЗСО, дека не гледа причина зошто тоа да не се спроведува.

– Во овие тешки моменти за Белград и Приштина, апелирам дека дијалогот е единственото решение за смирување на ситуацијата, не сакаме конфликти во регионот на Западен Балкан, Косово мора да го направи својот дел од работата, рече таа и апелираше дијалогот да мора да продолжи, за ситуацијата да се смири.

– Косово мора да го направи својот дел. Во октомври ќе отпатувам за Приштина, каде на овие теми ќе разговарам со Вјоса Османи. Дијалог, дијалог и само дијалог – не сакаме конфликти на Западен Балкан, мислам дека зацртаниот пат треба да биди јасен, истакна Наташа Пирц Мусар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK