Еуроњуз Србија: Српска стока не може да влезе во Косово, ниту камиони со српски регистарски таблички

kamioni-kosovo
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По апсењето на тројца припадници на косовската полиција, косовската влада донесе одлука да забрани влез на српска стока во Косово. Еуроњуз Србија утрово јави од преминот Мердаре дека е оневозможено преминување камиони со српски стоки, како и празни камиони со регистарски таблички издадени од МВР на Република Србија.

Дозволен е премин само за патнички автомобили.


Според медиумот, сообраќајот е многу слаб, а ова е најфрекфентниот премин меѓу Косово и централна Србија каде во моментот во близина на селото Мердаре има околу 50 камиони.

Косовскиот министер за внатрешни работи Џељаљ Свеќља изјави дека тој лично одлучил за забраната, по апсењето на тројца полицајци за кои косовската страна тврди дека биле „киднапирани“ на територијата на Косово, додека српските власти тврдат дека биле приведени на територијата на централна Србија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK