Пожар денеска избувна во хидроцентралата Новочеркас, во јужниот руски регион Ростов, при што се повредени тројца работници, изјави локалниот гувернер Василиј Голубев.
Во пожарот оштетен е покривот на реакторската единица број шест.
Според првичните информации најверојатна причина за пожарот е палење на гас.
Огнот зафатил површина од 200 метри квадратни, а евакуирани се околу 150 лица.