Кремљ денеска соопшти дека е „загрижен“ од се уште непотврдените медиумски извештаи дека во Украина е ранет високиот чеченски командант, Адам Делимканов, додавајќи дека „се чека разјаснување“ за тоа што навистина се случило, пренесуваат британските медиуми.
Претходно денеска ТВ каналот на руското Министерство за одбрана објави дека Делимканов, командант на чеченската национална гарда и „десна рака„“ на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, е ранет во Украина.
Делимканов, кој е пратеник во рускиот Парламент и командант на чеченскиот огранок на руската национална гарда, се смета за втор највисок функционер во Чеченија, по верниот сојузник на Путин, Рамзан Кадиров.