Стано: ЕУ воведува политички и финансиски мерки за Приштина затоа што Курти не ги елиминирал причините за кризата

stano
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Европската унија воведува негативни политички и финансиски мерки за Косово затоа што косовскиот премиер Албин Курти, и покрај постојаните повици од ЕУ, не презеде итни и решителни чекори за намалување на ескалацијата на Косово, изјави денеска во Брисел портпаролот на Европската комисија Петер Стано, пренесе Бета.

– И покрај нашите постојани барања, косовскиот премиер Курти не презеде решителни чекори за намалување на тензиите и неговиот план за намалување на ескалацијата испратен до високиот претставник на ЕУ (Жозеп Борел) не беше одговор и начин да се елиминираат клучните елементи што предизвикаа и беа основните причини за кризата, што очекуваме тој итно и решително да ги отстрани, изјави Стано за новинарите во Брисел.


Тој додаде дека „затоа, во согласност со своето соопштение од 3 јуни, Европската унија подготви рестриктивни мерки кои не се санкции, туку рестриктивни мерки кои стапуваат во сила веднаш“.

Членките на ЕУ, рече тој, ги поддржаа мерките поврзани со Косово и очекуваат дека „премиерот Курти веднаш ќе ги преземе неопходните чекори за намалување на ескалацијата, а тие мерки содржат политички и финансиски последици, почнувајќи од прекин на посетите, контактите и настаните на високо ниво, како и суспензија на финансиската соработка на ЕУ со Косово“.

– Мерките се привремени и може да се повлечат, а зависат од развојот на ситуацијата на терен и убедливите, решителни чекори што премиерот Курти треба да ги преземе за да се намали ескалацијата, рече Стано.

Стано укажа на соопштението на членките на ЕУ од 3 јуни во кое беше наведено дека доколку не дојде до намалување на заострувањето предизвикано од спорните избори на северот на Косово, ќе следат „негативни последици“ за односите со Унијата.

Како што истакна, во изминатите денови и недели имало „многу силни контакти на високо ниво со цел да се надмине моменталната состојба на Косово, а вчерашните настани покажаа дека нема намалување на тензиите и оти затегнатоста сè уште постои“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK