Тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие може да ја продолжи кариерата во Италија. Парискиот клуб има намера да го раскине договорот со 55-годишниот Французин.
Според новинарот Џанлука Ди Марцио, Галтие е фаворит за тренерското место во Наполи. Тој ќе го замени Лучијано Спалети, кој одлучи да си замине од клубот.
Во сезоната 2022/23, ПСЖ под водство на Галтие го освои францускиот шампионат. Тој е во тимот од летото 2022 година.