Во струмичкото село Баница, денеска во 00.30 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Т.М.(37) од село Баница.
Како што соопштија од МВР, тој се сомничи дека околу полноќ физички нападнал едно лице од Струмица и му одзел личен предмет.
– Т.М. при лишувањето се однесувал агресивно кон полициските службеници. Одземеното било пронајдено. Т.М. бил задржан во Полициската станица Струмица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се појаснува во соопштението.