Министерството за надворешни работи апелира за воздржаност од предвремени квалификации се до целосно расчистување на случајот во врска со вчерашниот напад врз државјанинот на Република Северна Македонија, Б.К. од Лабуниште.
-Овој настан не смее да фрла сенка врз институционалните напори за негување на правата и интересите на помалите заедници, вклучително и напорите за уставно-правно загарантирани права за нив, меѓу нив и Бугарската заедница. Ја повикуваме јавноста и политичките субјекти од соседна Бугарија да им овозможат на институциите на државата да ги расчистат околностите на настанот и соодветно процесуираат, согласно законската регулатива, се вели во денешното соопштение од МНР.
Од Министерството потсетуваат дека синоќа со осомниченото лице за нападот, А. Н. од Велешта, бил извршен службен разговор и известен е јавниот обвинител.