Најмалку 11 цивили загинале, а десетици се ранети во нападот на јужниот украински регион Криви Рих, соопштија локалните власти.
-Од 25 повредени, двајца се здобиле со тешки изгореници и се во критична состојба, изјави главниот лекар на една од градските болници.
Гранатирањето на петкатница, според британските медиуми, уби четири, а седум лица загинаа во напад на магацин за газирани пијалоци.
Градоначалникот Олександр Билкул изјави дека ниту една од целите немала воени врски.
Станарката Олха Черноусова појасни дека била разбудена од експлозијата и исфрлена од нејзиниот кревет.
Во различен дел од зградата бил Ихор Лаврененко, кој изјавил дека слушнал две експлозии.
-Се разбудив од првиот удар, слаб и веднаш отидов на балконот. Потоа вториот избувна над главата, рече тој.