МФ: Во процес на преговори е Општ колективен договор кој ќе овозможи континуиран, одржлив раст на платите, нема простор за поединечни решенија пред нeгово потпишување

MF
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Владата се залага за зголемување на сите плати во државата, со цел подобрување на животниот стандард на граѓаните. Поткрепа за ова е континуираниот раст на платите во јавниот и приватниот сектор и покрај неколкуте напоредни глобални економски кризи во изминатите три години, соопшти Министерството за финансии.

-Во однос на барањето на дел од даночните работници за раст на платите, истакнуваме дека Владата се залага за систем за раст на платите во целиот јавен сектор. Преку Економско социјалниот совет, заедно со социјалните партнери, веќе се работи на утврдување на систем за плати на сите вработени во јавниот сектор. Во подговка е нов Закон за  плати на вработените во јавниот сектор и нов Општ колективен договор за јавниот сектор, кој во иднина ќе овозможи континуиран раст на платите. Во услови кога се очекува да се воспостави вакво системско решение, а за кое се водат веќе разговори во Економско-социјалниот совет, секое поединечно решение, пред финализирање на овие два акта, ќе биде нарушување на воспоставувањето на таквиот систем и постигнување на крајната цел, се вели во соопштението од МФ.


Целта на Владата, како што се посочува, е да се воспостави воедначено, системско решение кое ќе биде фискално одржливо на долг рок и кое соодветно ќе го валоризира трудот на работниците. Од МФ очекуваат преговорите во ЕСС да продолжат и наскоро заеднички да се дојде до одржливо решение прифатливо за сите страни.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK