Манчестер јунајтед ќе биде продаден на катарскиот банкар Џасим бин Хамад Ал Тани, пренесува „Мирор“.
Понудата на катарски инвеститор за купување на клубот ја надминаа онаа на Џим Ретклиф.
Според британскиот медиум, страните веќе се договориле, а зделката треба да биде објавена во блиска иднина.
Во сезоната 2022/23, Манчестер јунајтед заврши на третото место во табелата во Премиер лигата.
„Црвените ѓаволи“ си обезбедија пласман во Лигата на шампионите следната сезона.