Убиен 42-годишен маж од Велес, полицијата го приведе убиецот

policija-stop
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во селото Подлес, општина Градско, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 61-годишниот С.И. од село Подлес. Како што информира МВР, тој вчера околу 16:10 часот пред неговата куќа по претходна расправија од пиштол „Црвена Застава“ испукал неколку куршуми кон 42-годишниот М.Д. и 44-годишниот М.В., двајцата од Велес.

-Од здобиените повреди во амбулантата во Градско починал М.Д., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. М.В. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Велес за укажување помош, информира Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.


Пиштолот бил пронајден и одземен, а С.И. бил задржан во полициска станица. Увид на местото на настанот извршиле екипа од СВР Велес и јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK