Во 14 прифатни центри и азил со кои раководи Комесаријатот за бегалци и миграции на Србија се сместени 2.207 мигранти и бегалци, додека во истиот период лани тој број изнесувал 4.655.
Комесарката за бегалци и миграција Наташа Станисављевиќ за денешното издание на „Политика“ изјави дека мигрантите најчесто доаѓаат од Авганистан, Сирија, Мароко, Пакистан и Бурунди и дека во Србија во просек остануваат околу две недели.
Според неа, во прифатните центри се сместени 31 дете, а меѓу нив има и такви кои патуваат без придружба на возрасни.
– Предвидено е зајакнување на програмата за враќање во земјите на потекло, доброволно и неволно, за сите мигранти кои не ги исполнуваат условите за добивање заштита, рече Станисављевиќ, пренесе Бета.