Анкета: Полјаците сметаат дека треба да се намали помошта за Украина

varshava
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Се повеќе Полјаци веруваат дека иако е неопходно да се помогне на Украина и на воените бегалци, таа помош во иднина би требало да биде многу помала, како што изјавиле 85 отсто од испитаниците во новото истражување на Универзитетот во Варшава.

Околу 60 отсто сметаат дека бегалците од војната не треба да добиваат социјална помош, а половина од анкетираните се против бесплатно сместување.


Се повеќе Полјаци сметаат и дека Украинците мора дефинитивно да се вратат во татковината кога ќе заврши војната, во јануари годинава така мислеле 53 отсто од испитаниците, сега веќе е 70 отсто.

Расположението на Полјаците се менува и со кампањата на владејачката партија Право и Правда пред есенските парламентарни избори, кога конзервативците на Јарослав Качински, по повод новиот предлог за реформа на азилот во Европската унија што го отфрлија Полска и Унгарија, се повеќе играат на картата против бегалците што им донесе победа на изборите во 2015 година.

Полската влада, додека продолжува да зборува за два милиони бегалци во Полска, иако најмалку половина милион од нив заминаа, а стотиците илјади што останаа најдоа работа и не се товар за полските даночни обврзници, исто така не објавува колку точно пари добива од Европската унија за украинските бегалци, ниту пак дека помошта во оружје испратена во Украина се рефундира од фондовите на НАТО.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK