Многумина од холивудските ѕвезди отворено признаваат дека ги мразат некои од нивните филмови во коишто глумеле. Следат 10 такви познати и (не)славни примери.
Вајола Дејвис – „Помош“, 2011 година
Иако Вајола Дејвис беше номинирана за „Оскар“ за улогата во „Помош“ (The Help), таа изјавуваше дека жали што ја глумела куќната помошничка Ајбилин Кларк, бидејќи „гласот на нејзиниот лик не се слушнал доволно“.
– Сакав да знам како е да се работи за белци одгледувајќи деца во 1963 година. Сакав да знам како навистина се чувствува таа жена. Но, не го дознав тоа за време на филмот, изјави таа за „Њујорк тајмс“.
Силвестер Сталоне – „Стоп или мајка ми ќе пука“, 1992 година
Акционата ѕвезда Силвестер Сталоне засекогаш ќе биде познат по филмовите „Роки“ и „Рамбо“. Сепак, обожавателите се обидуваат да го заборават „Стоп или мајка ми ќе пука“ – комедија од 1992 година за полицаец кој ја зема мајка му (Естел Гети) како партнерка во чувањето на редот и мирот и борбата против криминалот.
Во едно интервју, глумецот исто така призна дека го мрази филмот и го нарече „можеби еден од најлошите филмови во целиот Сончев Систем, вклучително и вонземските продукции кои никогаш не се видени“.
Хали Бери – „Жена-мачка“, 2004 година
Оскаровката Хали Бери е една од ретките глумици кои лично ја добиле наградата „Златна малина“ – филмската „награда“ за најлоши остварувања. Ја доби за улогата во филмот „Жена-мачка“. При примањето на наградата таа се заблагодари и на својот менаџер.
Џорџ Клуни – Бетмен и Робин, 1997 година
Мајкл Китон, Кристијан Бејл и Бен Афлек се меѓу најголемите холивудски ѕвезди, а заедничко им е и прочуениот Бетмен. Меѓу нив е и Џорџ Клуни…
– Сметам дека го уништив серијалот сѐ додека некој друг подоцна не ја презеде улогата и не смени сè… Ја прифатив улогата затоа што тогаш мислев дека тоа ќе биде добро за мојата кариера, рече Клуни во една прилика.
Сандра Булок – „Брзина 2“, 1997 година
По легендарниот филм „Брзина“, Сандра Булок искрено кажа дека ѝ било срам што учествувала во „Брзина 2“, од којшто Кијану Ривс, на пр., навреме се откажал.
– Има филм што никој не го видел и сè уште ми е непријатно што бев дел од него. Се вика „Брзина 2: Контрола на бродот“ и нема никаква смисла во тоа. Посакувам да не го снимив, изјави таа многу години подоцна.
Арнолд Шварценегер – „Црвената Соња“, 1985 година
– Тоа е најлошиот филм што некогаш сум го снимил!, рече Шварценегер за филмов од жанрот фантастика. – Кога моите деца не ме слушаат, ги испраќам в соба и тие мора да го гледаат 10 пати. Никогаш не сум имал премногу проблеми со децата, се пошегува тој еднаш.
Џесика Алба – „Фантастичната четворка“, 2005. и 2007 година
Филмовите за суперхерои отсекогаш биле сакани од публиката, но тие ретко биле номинирани за престижни награди, барем до предминатото десетлетие. Ова е причината зошто на некои познати глумци не сакаа преммнногу понуди за улоги на суперхерои. Џесика Албана пр., ја глумеше „Невидливата девојка“ во „Фантастичната четворка“ (Fantastic Four) и во продолжението од 2007 година, што на крајот, сепак, било ужасно искуство за неа.
– Го мразев тој филм. Навистина го мразев… Работата на овие филмови беше толку лошо искуство, што потоа размислував да се откажам од глумата. Се сеќавам кога „умирав“ во продолжението „Сребрениот сурфер“, режисерот ми рече: „Изгледа премногу болно и реално. Можеш ли да бидеш поубава кога плачеш? Плачи посимпатично, Џесика“!, раскажува таа.
Рајан Рејнолдс – „Грин Лантерн“, 2011 година
Уште еден глумец кој зажалил за улога во суперхеројски филм е Рајан Рејнолдс. Нему не му се допаднал филмот „Грин Лантерн“. Како што вели, толку му било непријатно, што никогаш не го догледал филмот докрај. Уште повеќе, тој на премиерата откри дека веќе знаел дека тоа е филм за којшто ќе зажали.
Меган Фокс – „Трансформери“, 2007 година
Франшизата „Трансформери“ можеби заработи милијарди долари на киноблагајните, но критичарите никогаш не гледаа со наклонетост на тие филмови, како, се чини, ни ѕвездата на серијалот – Меган Фокс.
– Мајкл Беј (режисерот) сака да биде „како Хитлер“ на снимањето… Па така, работењето за него е вистински кошмар!, изјави Меган за „Ентертејнмент викли“, но подоцна ја повлече оваа изјава и рече дека го кажала тоа во лутина.
Роберт Патинсон – „Самрак“, 2008 година
Повеќето познати глумци, како што видовме и досега, дури подоцна, после неколку години, признаваат дека некои улоги не им се прилегале и се каат за нив. Но, Роберт Патинсон и пред да излезе последниот филм од серијалот „Самрак“ (Twilight), призна дека i ја мрази улогата. Едвард вели и дека не разбира зошто толку многу луѓе го сакаат тој филм и неговиот лик.