Бројот на нови бракови во Кина опадна на историски најниското ниво

kina
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бројот на новосклучени бракови во Кина во 2022 година опадна на најниското ниво од почетокот на регистрирањето на ваквиот тип податоците, јави денеска кинескиот портал Yicai, оценувајќи дека продолжува трендот на намалување на браковите забележен во последните десет години.







Според кинеското Министерство за цивилни работи, само 6,83 милиони двојки лани ги регистрирале своите врски во граѓански бракови, што е за 800.000 помалку претходната година.

Падот, што се случи откако ланските пандемски ограничувања ги принудија луѓето со недели да останат затворени по домовите, го следи трендот на опаѓање на наталитетот и намалувањето на населението.

Во 2022 година, за првпат во последните шест децении дојде до намалување на населението на Кина. Се верува дека ова може да биде почеток на долг период на намалување на населението, што ќе има големи импликации врз економијата и светот.

Стапката на наталитет во Кина минатата година падна на 6,77 родени на илјада жители, што е најниско досега, од 7,52 во 2021 година.

Демографите предупредуваат дека Кина ќе остаре пред да се збогати, бидејќи нејзината работна сила се намалува, а одговорните локални власти трошат повеќе на постарата популација.

За да ги охрабри браковите и наталитетот, Кина минатиот месец објави дека ќе почне пилот проекти во повеќе од 20 градови за да создаде култура на „нова ера“ која ќе ги промовира браковите и добивање деца.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK