Санкционирани 199 возачи во Скопје, 67 за брзо возење

peshacki
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 199 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 67 санкции, 22 мерки за возење без возачка дозвола, 33 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, соопштија утрово од Министерството за внатрешни работи.

– Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, 14 санкции за возење под дејство на алкохол, пет мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, шест санкции за нерегистрирани возила…, се појаснува во соопштението.


Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK