Втората фаза од терестрична (земјена) дезинсекција на подрачјето на Град Скопје против возрасни форми на комарци ќе се реализира од вечерва до 15 јуни 2023 година, од 22:00 до 3:00 часот.
Градските власти информираат дека доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истите термини.
– Се известуваат пчеларите на време да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, се наведува во соопштението од Град Скопје.