Во Мароко петмина загинати при уривањето зграда во изградба

20230610202614_big_730x400_28
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пет лица загинаа при уривањето зграда во изградба во индустриска зона во близина на Казабланка, економската престолнина на Мароко, соопштија денеска властите нов биланс на жртви.  Локалните медиуми по несреќата што се случи во четвртокот јавија дека две лица загинале, а петмина се повредени.  „Трагедијата ги чинеше животите на петмина работници“, се наведува во соопштението на синдикатот.

Се додава дека работниците работеле на изградба на „четири дополнителни ката на фабрика“ и дека условите во кои работеле не биле безбедни.  Надлежните соопштија дека е отворена истрага за утврдување на причините за уривањето.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK