ЕУФОР подготвен да интервенира во БиХ во случај на отцепување

eufor
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во случај на незаконско отцепување на еден од потписниците на Дејтонскиот договор, ЕУФОР, во согласност со мандатот на Обединетите нации, доколку активностите на ОХР не се доволни, ќе интервенира и ќе го спроведе договорот.

Ова е наведено во еден од одговорите на Владата на Холандија на групата прашања на Комисијата за надворешни работи во Парламентот на таа земја во врска со ангажманот на 164 холандски војници во рамките на мисијата ЕУФОР „Алтеа“, пренесува „Независне новине“ од Бања Лука.


Тие исто така посочуваат дека меѓународната заедница разгледува неколку сценарија во случај Русија да одлучи да не го продолжи мандатот на оваа мисија на ноемвриската седница на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ ОН), но дека владата на таа земја оцени дека има нема да дојде до блокада.

„Необновувањето на мандатот на ЕУФОР во Советот за безбедност на ОН во ноември 2023 година може да претставува ризик, имајќи го предвид односот на Русија кон таа мисија и дестабилизирачкото влијание што таа земја се обидува да го насочи кон регионот. Меѓутоа, во моментов, ние проценуваме дека ризикот е ограничен затоа што операцијата во рамките на мандатот на ОН е веројатно поприфатлива за Русија отколку можните алтернативи. Доколку се случи руско вето, и ЕУ и НАТО развиваат различни сценарија“, се нагласува во одговорите.

Владата на Холандија во еден од своите одговори оцени дека приемот на Босна и Херцеговина во НАТО сега не е на дневен ред поради сложената ситуација во БиХ и лошата состојба на вооружените сили на земјата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK