Тренерот на Манчестер сити Пеп Гвардиола ги сподели своите очекувања за финалето од Лигата на шампионите против Интер.
– Не можам да ги контролирам мислењата на луѓето. Треба само да се фокусираме на она што треба да го направиме. Сè завршува со игра. И ќе победи тимот што ќе има подобри 95 минути.
Интер е супериорен од нас по историја. Но, тоа не е важно. Важно е да одиграме подобро од противникот. Тоа е она што може да биде одлучувачки фактор, изјави Гвардиола.
Финалето од Лигата на шампионите Манчестер сити – Интер ќе се одржи вечер со почеток во 21 часот во Истанбул.
Интер го „брка“ четвртиот трофеј, Сити ќе игра за прва титула европски шампион.