Во Битола приведени тројца осомничени крадци

SVR BITOLA
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полициски службеници од СВР Битола во текот на вчерашниот ден привеле тројца битолчани, осомничени за две одвоени кривини дела кражба.

Како што соопшти денеска МВР, вчера во 17.30 часот во Битола, полициски службеници ги лишиле од слобода битолчаните М.Р. (33) и Ј.И. (35), кои се сомничат дека извршиле „тешка кражба“ во хотел во Битола, при што одзеле повеќе предмети, кои биле пронајдени кај осомничените.


Вчера во 19.30 часот во Битола од слобода бил лишен 23-годишниот битолчанец Б.В., кој се сомничи дека околу 14.00 часот со употреба на сила влегол во куќа на битолската улица „Караорман“, при што одзел повеќе предмети.

– Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, се додава во соопштението на МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK