Во Албанската академија на науките во Тирана беше промовиран српско-албанскиот речник на доајенот на албанското новинарство и публицист од Северна Македонија, Реџеп Златку.
Беше оценето дека ова дело ќе биде важно не само за Балканот, туку и за лингвистиката на глобално ниво.
Како што вели авторот, кој по потекло е од Дебар, идејата да се создаде ова капитално дело, кое било наменето за луѓето од два народа, потекнува од средношколските денови во интернатот во Приштина, каде што во 1953 година го напуштил Тетово каде што учел, бидејќи во Дебар во тој период сеуште немало средно училиште.
-Отидов таму да го продолжам моето образование на мојот мајчин албански јазик и за првпат го запознав српскиот јазик, пред се во интернат со Срби и Црногорци со кои бевме во иста просторија и одлично се согласувавме. Така беше и во гимназијата, бидејќи албанските Срби учеа во истата гимназија „Иво Лола Рибар“ во Приштина, каде што бев до 1957 година,рекол Реџеп Златку, новинар и публицист од Северна Македонија.
Речник како своевиден попис на зборови и изрази со граматички и синтаксички објаснувања најчесто е дело на тим академици, кој бара професионална посветеност, подготовка и силна јазична култура, но Златку работел сам.
-Работев цел живот по малку, но во последните петнаесет години тоа го работев цел ден и едвај завршив, бидејќи веќе имам 84 години. Имав многу работа, работев толку многу години и мислам дека уште толку можам, има уште работа во јазикот, рече Златку.
За академик Али Алију инаку долгогодишен професор на Универзитетот во Приштина, во пензија, познавањето на странски јазик предизвикува симпатии при комуникацијата, го збогатува човекот, им овозможува на луѓето подобро да се запознаат и да се зближат.
-Ова е многу важен настан за двата народа, двата јазика и среќен сум што ова дело, овој речник, врв на јазичната наука, пристигна на промоција во Тирана во салата на Албанската академија на науките. Мислам дека вакви настани треба да има се почесто. Ќе биде подобро и за Албанците и Србите и за Балканот и за човештвото воопшто, порача академик Алиу.
Според стручната јавност во Тирана речниците од овој тип се нови прозорци кон светот и дека ова, како што се слушна на промоцијата, капитално дело, ќе остане од корист за лингвистите, но и за оние кои сакаат да го научат јазикот како придонес за соединување на два народа.
На промоцијата се обратиле и Гезим Хоџа претседател на секцијата за албанологија при албанската академија, како и проф.д-р Мареглен Касми.
Српско-албанскиот речник, кој содржи 80.000 зборови и изрази, го отпечати издавачката куќа „Логос А“ од Скопје, а главен уредник е Џеват Лоши.