Комисијата за спречување и заштита од дискриминација со правна помош за охриѓани

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Опција Охрид, Мрежата за заштита од дискриминација денеска во Охрид организираат отворен ден за бесплатна правна помош за случаи на дискриминација и повреди на човекови права.

Целта, според Игор Јадровски член на Комисијата за заштита од дискриминација, е Комисијата, како централизирано тело што се наоѓа во Скопје, да излезе на терен и во другите градови, да ја промовира работата и да ги запознае граѓаните каква заштита можат да добијат.


– Да ја подигнеме свеста за дискриминацијата и да ги мотивираме оние граѓани, кои можеби се соочиле со дискриминација, но не биле охрабрени да пријават, истакна Јадровски.

Според него, последните две години најчесто пријавувана била дискриминација во работните односи.

– Најголем дел од граѓаните кои се жалат во работа и работни односи се од јавниот сектор. Се жалат и на дискриминација врз основ на етничка припадност, родов идентитет, личен и општествен статус, информира Јадровски.

Комисијата, додаде тој, има неколку начини за справување со дискриминацијата, на заштитната фунција. Постапува по претставки од странки и по службена должност.

– Превземаме информативни и промотивни активности каде гледаме да ја зајакнеме информираноста на граѓаните во однос на штетноста на дискримацијата, да ги научиме како можат да препознаат дискриминација и како можат да пријават, појасни Јадровски.

Посочи дека Комисијата работи и со останатите институции во однос на градење институционален систем на соработка, бидејќи смета дека за справувањето со ваков општествен феномен потребна е институционална соработка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK