Честото мокрење обично е знак на внос на повеќе течности. Но, ако не се внесува така многу течност, а сепак пречесто го посетувате тоалетот, тоа може да значи одреден здравствен проблем, објави „Кликс“.
Човекот вообичаено мокри пет до седум пати во 24 часа. Ако пак, тоа е почесто од 7-8 пати, би било пожелно да ги проверите бубрезите, мочниот меур, простатата, како и да се испита можен дијабетес.
Има и други помалку познати причини за почестото празнење. Тоа се: инфекција на уринарниот тракт, уретритис, бременост, тумор во карличната област, или на мочниот меур, воспаление на ѕидот на мочниот меур, камен во уринарниот тракт, одредени лекови – како што се диуретиците, други терапии, сексуално преносливи заболувања и невролошки проблеми.
Знаци дека треба да се отиде на лекар се и: болки во стомакот, уринарна инконтиненција, ноктурија или често мокрење во текот на ноќта и болно мокрење.