Некста: Обид за атентат врз Зеленски при вчерашната посета на поплавениот Херсон

zelenski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Русите се обиделе да го убијат украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на неговата вчерашна посета на Херсон, тврди белорускиот портал Некста.

Зеленски вчера пристигна во Херсонската област за да ги посети поплавените подрачја по уривањето на браната Нова Каховка.


На првото видео што беше објавено од порталот, Зеленски може да се види како разговара со локалните жители кои се подготвуваат за евакуација, по што тој заминал за Миколаив, град кој исто така беше погоден од поплавите.

Но, веднаш по заминувањето на Зеленски и неговата делегација, улицата во Херсон каде што стоеше со жителите стана цел на силно руско гранатирање, што сугерираше дека Русите знаеле дека Зеленски е таму и се обиделе да го убијат, наведе белорускиот портал Некста .

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK