Мајската инфлација во Албанија 4,7 отсто

instat
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Инфлацијата во Албанија продолжува да бележи ниски нивоа, во споредба со минатогодишните рекорди и таа во мај достигнала стапка од 4,7 отсто.

-Од октомври минатата година кога индексот достигна рекордно ниво од 8,3 проценти, таа забележува значителни знаци на забавување седми месец по ред, почнувајќи од ноември 2022 година. Цените споредено со декември се преполовени, но во текот на мај во однос на април индексот бележи благ раст, односно инфлацијата изнесува 4,7 наспроти април кога таа изнесуваше 4,6 отсто, објави денеска државниот Институт за статистика, ИНСТАТ.


Според истиот извор тоа е последица на намалување на цените и зајакнувањето на вредноста на домашната валута, лекот.

Споредено со месец мај пак минатата година ифлацијата е пониска за 2 отсто.

– Во однос на април 2023 година, цените на групите „Храна и безалкохолни пијалоци“ и „Транспорт“ се намалени за 1,2%. Од друга страна, цените на групата „забава и култура“ се зголемени за 1,2%, потоа „хотели, кафулиња и ресторани“ за 0,9%, „облека и обувки“ за 0,5%, „алкохолни пијалаци и тутун“ и „ стоки и разни услуги“ со по 0,4%, наведува ИНСТАТ.

Инаку, највисоко ниво на инфлација во Албанија беше забележано во октомври минатата година, кога достигна 8,3 отсто, по што почна благо да се намалува. Така, во ноември беше 7,9 во декември 7,4 во јануари 7,2 отсто, во февруари 7,1 и во март 5,3 отсто.

Централна банка на Албанија предвидува намалување на инфлацијата на ниво од 3 отсто во средината на следната година, но предвидува повторно зголемување на основната каматна стапка, давајќи сигнали дека ценовниот притисок веќе доаѓа од домашниот пазар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK