Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски е задоволен од текот на подготовките за претстојните квалификацикси натпревари со Украина и Англија.
– Исклучително сум задоволен од оваа фаза на подготовки. Фудалерите, иако уморни од сезоната во клубовите, покажаа ангажираност, професионален пристап и голем ентузијазам. Се обидовме да постигнеме одреден баланс со однос на физичката исцрпеност и енергијата која ќе ни треба за следната фаза подготовки и натпреварите кои не очекуваат. Акцентот сега го ставивме на физичката подготвеност, а веќе од 10 јуни се насочуваме на техничко-тактичка анализа и тоа ќе биде фокусот на тренинзите. Украинците ќе ги предводи нов селектор, кој ќе го промени системот на игра, но ние веќе навикнавме на промени кои во најмала рака ни ја отежнуваат работата во однос на подготовка на натпреварите. Таков беше случајот и пред мечот со Малта. Но, за нас е најважно да бидеме силни на тренинзите кои ни следуваат и целосно да се вложиме и тактички и физички. Иако е крај од сезоната, сигурен сум дека фудбалерите имаат мотив и енергија за уште два силни натпревара, изјави Милевски.
Натпреварите од јунските квалификациите за Европското првенство 2024 против се на 16 јуни во Скопје со Украина и на 19 јуни со Англија во Манчестер.