Во Словенија издадена збирката „Гранична состојба“ од Лидија Димковска

granicna-sostojba
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во издание на најголемата словенечка издавачка куќа „Младинска книга“, а во препев на Алеш Мустар, излезе поетската збирка „Гранична состојба“ од Лидија Димковска. Книгата, објавена во 2021 година во „Или-Или, ја доби наградата за најдобра поетска збирка „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата, а беше номинирана и за наградата „Ацо Шопов“ на Друштвото на писателите на Македонија.

Истовремено, во Софија излезе поголем избор од целокупното поетско творештво на Димковска, „(Не)удобноста на поезијата“, во препев на бугарски на Поли Муканова и во издание на издавачката куќа „ДА“ од Софија, специјализирана за поезија. Ова е четврта книга на Димковска преведена на бугарски јазик, по романите „Скриена камера“, „Резервен живот“ и „Но-Уи“.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK