Во Делчево отворени 27. Регионални пензионерски спортски игри

delchevo
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Делчево се отворени 27-те Регионални пензионерски спортски игри чиј домаќин е локалното здружение на пензионери. Игрите ги отвори претседателката на Сојузот на пензионери, Станка Трајкова која посакувајки им успех на натпреварувачите потенцираше дека се работи за најмасовен спортски настан кој се организира за оваа категорија граѓани.

-Со регионалните спортски игри за пензионери започнавме кон крајот на мај во Штип, а завршуваме во Струга негде при крајот на јуни. Денес сме во Делчево каде секогаш организацијата е на врвно ниво, така беше и на Регионалната пензионерска музичка ревија која се одржа во време на пандемија, очекувам така да биде и сега, рече Трајкова.


На игрите во Делчево ќе учествуваат пеннзионери спортисти од Кочани, Виница, М.Каменица, Пехчево, Берово и градот домаќин Делчево.

-Мило ми е што гледам позитивна атмосфера овде во градскиот парк во Делчево, многу пензионери желни да се натпреваруваат, но и да се дружат. Сигирна сум дека ќе го направиме овој ден за паметење, рече претседателката на делчевското здружение Виолета Арсова.

Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски кој го поддржа настанот им посака многу успех на сите учесници, порачувајки да победат најдобрите.

-Вашата желба за натпреварување и вашиот спортски дух е движечка сила на секој поединец, а посебно кога станува збор за луѓето од третата доба, рече Трајковски.

Пензионерите денеска ќе се натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини во атлетика, кошарка, шах домино и други игри. По завршувањето на игрите ќе биде соопштен резултатот за најдобрите кои ќе обезбедат пласман на завршните Републички пензионерски игри.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK