Во Стопанската комора денеска ќе се одржи дебата на тема „Наодите од истражувањето за состојбата со неформалните собирачи на отпад во РС Македонија и можности за нивна интеграција во формалната економија”.
На дебатата ќе бидат презентирани резултатите од истражувањето што „Пакомак“ го направи за неформалните собирачи во периодот март-април на репрезентативен примерок во сите осум плански региони.
Според најавата, предвидено е учество на министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, заменик-министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин, раководителот на сектор за отпад при Министерството за животна средина и просторно планирање Ана Каранфилова-Мазневска и извршниот директор на „Пакомак“ Филип Ивановски.