Работодавачите од Куманово да аплицираат на тековните повици наменети за нив, повикаа денеска надлежните од Центарот за вработување Куманово. Во тек е јавниот повик до работодавачите и до невработените лица, односно стручни обуки според барањата на работодавачите.
Според раководителката на Центарот за вработување во Куманово, Марија Димитријевска, мерките се поделени на два огласа бидејќи работодавачите коишто ќе учествуваат во мерката 3.2 (а) мора да бидат верификувани спроведувачи на обука, додека работодавачите коишто ќе учествуваат во мерката 3.2 (б) не мора да бидат верификувани, туку доволно е да изготват и да достават план според кој што ќе се реализира обуката. Мерката се спроведува со поддршка на УНДП.
-Целта на оваа мерка е зголемување на степенот на вработливост на невработените, со тоа што овде, за разлика од практикантство каде што имаме ограничување на возраста до 29 години, тука нема ограничување на возраст, значи може да се вклучат и повозрасните активни баратели на работа, изјави Димитријевска.
Обуката се одвива во период од три месеци со тоа што невработените лица добиваат надомест во износ од 11.000 денари, бруто износ со вклучено професионално заболување и данок на доход, со тоа што овде работодавачот по завршување на обуката треба 50 проценти од лицата коишто биле вклучени и успешно ја завршиле обуката да ги вработи на неопределено време во период од минимум шест месеци.
-Работодавачите кои ќе бидат вклучени во мерката 3.2. (а) добиваат надоместок во висина од 30.000 денари, додека, пак, работодавачите коишто ќе бидат вклучени во мерката 3.2(б) добиваат 25.000 денари за секое лице кое што успешно ја завршило обуката. Оваа мерка се спроведува веќе неколку години наназад, како дел од Оперативниот план. Рокот е сè до исполнување на предвидениот опфат согласно оперативниот план, рече Димитријевска.
До 12 јуни трае огласот наменет за работовачите и невработените лица од програмата поддршка за креирање на нови работни места за субвенционирање на вработување и вработување и раст на правни субјекти.
-Огласот е објавен вчера и ќе трае до 12-ти месецов. Преку субвенционирање на плати се дава финансиска поддршка на работодавачи за период од шест месеци по 19.000 денари за креирање нови работни места. Преку мерката, раст на правни субјекти се дава финансии за набавка на опрема и репроматеријали во висина од 92. до 220.000 денари во зависност од целната група на лицата кои ќе вработат кон конкретниот работодавач, кажа Димитријевска.