Кирби: САД немаат утврдено чија е вината за уривањето на браната

kirbi
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

САД не негираат дека руските сили може да се одговорни за уривањето на браната Нова Каховка но сеуште немаат утврдено чија е вината за тоа, изјави денеска Џон Кирби, портпарол на Националниот совет за безбедност во Белата куќа.

-Знаеме само дека има многу жртви и исто така многу загинати. Иако ова се рани извештаи и неможеме да специфицираме. Руските сили лани незаконски ја презедоа браната (и електростаницата) и незаконски ја окупираат, рече тој.


Додаде дека САД прават колку што можат да се оценат овие извештаи.

-Работиме со Украинците да се соберат повеќе информации. Но не можеме да кажеме конкретно што се случило, изјави Кирби.

-Тоа што е јасно е дека штетата за украинскиот народ е значителна. Браната обезбедува вода како за наводнување на регионот и за наводнивање на Крим, така и за хидроелектраната но и за нуклерната централа Запорожје, рече тој и додека дека САД со олеснување ја примиле веста од директорит на Меѓународната атомска агенција дека нема непосреден ризик по безбедоста на таа централа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK