– Комисијата за еднакви можности при Советот на општината Кавадарци, денеска реализираше едукативен настан во кавадаречкото средно земјоделско – шумарско училиште ,,Ѓорче Петров”.
Марија Камчева, претседателка на Комисијата, информираше дека целта е подигнување на свеста за ментструалната хигиена кај девојките и жените.
– Како комисија, во рамки на програмата за работа, денеска спроведуваме активност, за да ги запознаеме девојките за репродуктивното здравје, за менструалната хигиена и за тоа колку е важно, девојките и жените да одржуваат менструална хигиена.
Во рамки на активноста, на девојки им беа поделени и хигиенски менструални влошки. – Здравата жена е економски независна и исполнителна жена, нагласи Камчева.
Советничката Веса Богева, член на оваа комисија, најави и низа други активности во оваа насока, за подигнување на свеста за значењето на менструалното и репродуктивното здравје.
