– Владата на денешната седница ја разгледа и усвои и Информацијата за реализација на проектот за користење услуга за одмор и рекреација на деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за лето 2023 година, поднесена од Министерството за труд и социјална политика.
Преку Проектот, како што е наведено во соопштението од Владата, се овозможува користење бесплатна услуга за рекреација на деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток, во објекти за одмор и рекреација за лето 2023 година. Одморот и рекреацијата се користат во текот на летниот распуст.
Задолжено е Министерството за труд и социјална политика за реализација на проектот, меѓу другото и преку објава на повик на Веб страницата на Министерството за труд и социјална политика и во центрите за социјална работа, во јуни 2023 година.