Тренчевска: Со измените на Законот за работни односи се штитат правата на работниците

trencevska_879889979
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска вели дека измените на Законот за работни односи не се против Уставот и дека се направени да ги штитат правата на работниците.

Таа, во емисијата „Во живо“ на МРТ посочи дека секоја прекувремена работа ќе биде извршена со претходно потпишана согласност од страна на вработениот и дека истата ќе биде регуларно исплатена.


Таа се осврна на билатералниот скрининг за Поглавје 19 во Брисел каде биле презентирани направените реформи во социјалната заштита, усогласувањето со законските регулативи со оние на ЕУ и идните планови.

-Во месец мај предводев делегација составена од вработени во Министерството за труд и социјална политика и други релевантни чинители кои се поврзани со темите од поглавјето 19 на Билатералниот скрининг во Брисел. На скринингот беа презентирани направените реформи во социјалната заштита, усогласувањето на законските регулативи со оние на Европската Унија но, и нашите идни планови, изјави Тренчевска.

Во однос на социјалната заштита министерката ја посочи деинституцијализацијата како успешен проект. Таа рече дека како земја сме пример за спроведување на овој проект дури и во рамките на Европската Унија. Таа ги нагласи и двојните придобивки од деинституционализацијата и истакна дека во рамки на проектите се вработиле многу лица.

Според неа покрај тоа што се обезбедени подобри услови за лицата со попреченост придобивка е и вработувањето на стручен кадар.

Министерката се осврна и на прашањето за родовата еднаквост.

-Кога зборуваме за концептот на еднакви можности, кога зборуваме за родовата еднаквост, зборуваме за еднакви човекови права, ненасилство, почитување на права на жените, еднаков пристап до можности и образование како и еднаков пристап до пазарот на трудот. Се ова беше погрешно толкувано во јавноста и беше посочено дека ќе се дозволи промена на пол или истополови бракови што не е случајот со предлог Законот за родова еднаквост. Целта е воведување на зајакнети механизми за да можат да ја имплементираат родовата еднаквост како на локално ниво така и на територијата на целата држава, рече Тренчевска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK