Санчез: Изборите во јули нема да влијаат врз шпанското претседателство со Европската унија

sanchez
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска изјави дека предвремените парламентарни избори во неговата земја на 23 јули нема да влијаат на шпанското претседателство со Советот на ЕУ, кое започнува три недели порано и трае до крајот на годината.

Социјалистичкиот лидер пред една недела ги изненади сите кога објави распишување предвремени избори кои првично беа планирани за крајот на годината. Тој тоа го соопшти ден по поразот на шпанската левица на локалните и регионалните избори од конзервативците.


– Нема никаков ризик целите што ги поставивме за тоа претседателство пред да ги распишеме изборите да не бидат исполнети, изјави Санчез за време на посетата на неговиот шведски колега Улф Кристерсон.

– Целите се дефинирани. Покрај тоа, тоа не се цели поставени само од шпанското претседателство, тоа се цели што ги споделуваат другите земји-членки, Европската комисија, рече тој.

Тој потсети дека и други земји имале избори за време на нивното претседавање со ЕУ и немало никакви проблеми.

Кристерсон, чија земја претседава со ЕУ во првата половина од оваа година, исто така оцени дека изборите во Шпанија не претставуваат „никаков проблем“ и го наведе примерот на Франција, каде последните претседателски избори се одржаа во април 2022 година во средината на француското претседателство со Унијата.

Санчез требаше да ги претстави главните карактеристики на шпанското претседателство пред Европскиот парламент на 13 јули, но Мадрид успеа да го одложи за септември, кога Шпанија би можела да има нов премиер доколку Санчез загуби на изборите во јули.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK