ЈП „Стрежево“-Битола ја почнаа новата сезона за наводнување на земјоделските површини

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ЈП „Стрежево“-Битола подготвени ја почнаа сезоната за наводнување на 20.200 хектари земјоделски површини во Пелагонија, изјави генералниот директор на претпријатието, Методија Граматковски.

ЈП „Стрежево“ во моментов во акумулацијата има околу 100 милиони метри кубни вода и тоа гара­­­нтира навремено и квалитетно во­до­­­снабдување на земјоделските површини во Пелагонија, водоснабдување на населението преку ЈКП Водовод на оп­ш­ти­ните Би­тола, Могила и Новаци, како и покривање на потребите за водоснабдување на РЕК Би­т­ола, ЗК Пелагонија и локалните индустриски капацитети.


-Апе­­лираме за рационално и внимателно користење на водата како ресурс. Потсетуваме, земјоделците имаат обврска да склучат договори за снабду­вање со вода за наводнување со Стрежево, а воедно ги продолжуваме теренските акти­вности за контрола на површините опфатени со системот за наводнување, посочи Граматковски.

Од ЈП „Стрежево“-Битола информираа за инвестициите во водостопанската инфраструктура, собирање, акумулирање и испорака на вода.

-Во изминатите години извршивме рехабилитација на главни цевководи во Могила, Бистрица, Егри, Жабени и Кременица и делнични цевководи со различен профил на цевки, хидромеханичка опрема, санација на свлечиште на главен канал кај село Драгарино како и нови цевководи во Лисолај и Породин со што го прошируваме и хидросистемот. Вкупните инвестиции изнесуваат над 80,5 милиони денари. Во оваа 2023 година само во првото полугодие имаме вложено во главните и делничните цевководи, опрема на цевки и хидромеханичка опрема. Овие успеси се резултат на фактот дека во изминатата година имавме најголеми приходи од основањето на претпријатието, а расходите ги намаливме на минимум. Кога ќе ги ставиме на хартија реалните приходи и расходи, 2022 ја завршивме со биланс на успех од околу 28 милиони денари во позитива. Но, ако не беше пресудата на Апелациониот суд од Битола за спор со ЗК Пелагонија од 2015 година каде исплативме 76 милиони денари, билансот на успех ќе беше многу, многу подобар. Инакуно во првото тромесечие од оваа година, претпријатието има позитивен биланс од околу 10 милиони денари со исплатени обврски, нагласи Граматковски.

Од ЈП „Стрежево“-Битола потврдија дека за новата сезона обе­збедено е доволно количество квалитетна вода и апелираа за рационално трошење на водата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK