Во Делчево се реализира проектот „Инспекторатите во служба на граѓаните”

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Невладината рганизација „КХАМ” од Делчево започна со реализација на проектот „Инспекторатите во служба на граѓаните”. Проектот е дел од програмата на СМАРТ Балкан и има цел да ги приближи овие служби до граѓаните за да имаат поефикасно и поефективно работење.

За таа цел, како што информираше координаторот на проектот Зоран Биковски, веќе е закажана и првата работилница на која своето работење ќе го претстават вработени во Образовниот, Управниот и Трудовиот Инспектор.


– Целта на проектот да се приближи работата на самите инспекциски служби кои што постојат на локално ниво, без разлика дали се работи на општинско ниво или во подрачни инспекциски служби. Значи да се приближи до самите граѓани, се со цел да можат да поднесуваат пријави и претставки за да нема судски процеси и на тој начин да обезбедиме владеење на правото, рече Биковски.

Главни целни групи на на кои се однесува проектот како што додаде координаторот се Невладините организации.

– Значи избрани се 14 граѓански организации кои ќе даваат услуги на своето членство да се запознаат, како се прават претставки, како се прават поплаки, која е улогата на инспекторатите во кој случај се однесуваат на инспекторатите, кој е ефектот од самите инспекциски служби и како се задоволни од работењето на нив. Предвидени се активности со санитарниот, трудовиот, пазарниот, комуналните служби, управниот, комуналниот и општинскиот овластен градежен инпсекторат кои делуваат на локално ниво и кон кои што можеме да поднесуваме претставки директно во пишана форма директно во самите канцеларии или по електронски пат, додаде Биковски.

Проектот официјално започна во мај и ќе трае заклучно до јануари 2024 година. Секоја обука, како што додаде координаторот, навремено ќе биде најавена се со цел покрај граѓанските организации да може да се пријават и обични граѓани за темата за која ќе биде спроведена обуката и на тој начин и тие непосредно да може да се обучат за тоа какви одлуки можат да очекуваат од инспекциските служби и како да си ги остварат своите права.

Проектот „Инспекторатите во служба на граѓаните” се спроведува со поддршка на регионалниот проект СМАРТ Балкан Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, имплементиран од Центарот за промоција на Цивилното друштво (CPCD), Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) и Институтот за демократија и медијација (ИДМ), а финансиски е поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK