Османи од Будва: Да се отвориме за можностите кои ги нуди помирувањето, дијалогот и решавањето на споровите

osmani
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Македонија како нов претседавач со Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) под слоганот „Премостување поделби, градење доверба“ е убедена дека дека најголемата закана за регионот се уште сè отворените билатерални спорови и политички блокади кои го попречуваат напредокот во европската интеграција и во билатералната и регионалната соработка, а кои лесно можат да бидат искористени од надворешни актери, истакна министерот за надворешни работ Бујар Османи на заедничката прес-конференција со премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ, по министерскиот состанок на ПСЈИЕ, што се одржува во Будва.

– Мое цврсто верување е дека треба да ги избегнеме овие обиди со какви било средства и да се отвориме за можностите кои ги нуди помирувањето, дијалогот, надминувањето на наследството од минатото и решавањето на споровите со разбирање, почит и заемно прифатливи решенија. Северна Македонија го следи овој пат и Охридскиот рамковен договор, Договорот за пријателство, Договорот од Преспа и компромисот постигнат минатиот јули за нашиот европски пат се сведоштва за нашата посветеност на оваа вистинска европска кауза, рече министерот.


Како што соопшти МНР, Османи изрази андеж дека наскоро во регионот, следејќи го патот на компромисот, ќе бидат постигнати одржливи решенија за преостанатите отворени прашања кои ќе водат кон членство во ЕУ и економски раст.

– Ова произлегува од нашиот заеднички интерес и треба да го направиме не само без стратешко двоумење, туку со стратешка решителност, истакна Османи.

Покрај овие теми, високо на агендата на претседавањето на Северна Македонија, кое почнува на 1 јули и трае година дена, ќе бидат и зацврстуваето на демократијата, фундаменталните права и вредности, владеењето на правото и борбата против корупцијата. Фокус ќе биде ставен и на зајакнувањето на енергетската безбедност и забрзување на декарбонизацијата, заедничкото градење трансевропски транспортни коридори, спроведување на целите за одржлив развој и дигиталната трансформација, стои во соопштението од МНР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK