Утре почнува „Струмица опен фестивал“

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со трибина „Библиотеката-темел на писменоста“ утре почнува 12-то издание на „Струмица опен фестивал“. Фестивалот ќе трае до 13 август со дваесетина настани на повеќе отворени сцени во градот.

Ова беше соопштено на средбата на градоначалникот Костадин Костадинов со организаторите на Фестивалот, а беше презенетирана и програмата, која годинава ќе се одвива под мотото „Фестивалска магија цело лето“.


-„Струмица опен фестивал“ ги задржува традиционалните настани кои се одржувaaт секоја година, но тие ќе бидат надополнети и со нови и креативни содржини. Убеден сум дека и годинава овој фестивал ќе го привлече вниманието на граѓаните од нашата општина, но и на оние од соседните општини,рече струмичкиот градоначалник.

Деталната програма ја образложи Томи Печков од „Струмица опен фестивал“, кој истакна дека сосдржиниоте се од различен карактер од облaста на музиката, културата, литературата, спортот и рекреацијата, проекција на филмови, а концертните денови е планирано да се одржат од 10 до 13 август со настапи на музички ѕвезди од земјава.

Фестивалот финансиски е поддржан од Општина Струмица и Министерството за култура.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK