ВМРО-ДПМНЕ: Средбата Мицкоски-Ковачевски ќе биде тет-а-тет, ќе и претходат разговори со пратениците, коалицијата и ИК на партијата

mickoski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Клубот на пратениците во среда ќе се одржи најавената средба на премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, средбата ќе биде тет-а-тет.

-До средбата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски ќе изврши широки консултации со Пратеничката група, партиите дел од Коалицијата и Извршниот комитет на партијата. Ставот на партијата е дека уставни измени нема да има, и ова Собрание нема легитимитет за таков чекор, истакнуваат од опозициската партија.


Очекуваме, како што наведуваат од партијата, Ковачевски да излезе од стегите и заложништвото на ДУИ и да прифати да разговара за периодот што по фактот дека уставните измени нема да го имаат потребното мнозинство.

Владата денеска соопшти дека премиерот Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски во среда во 11 часот во Клубот на пратеници ќе ја одржат најавената средба.

Од Владата соопштија дека на средбата ќе се разговара пред сѐ за одлуките кои треба да се донесат во Собранието со цел продолжување на европската интеграција на Република Северна Македонија, како и за пристапот на државата, институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи со сите наши соседи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK