Во Бон започнуваат подготвителните преговори за светската климатска конференција

klimatska-konferencija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Десетдневните подготвителни разговори треба да почнат денеска во германскиот град Бон, шест месеци пред следната Светска конференција за климата во Дубаи.

Набљудувачите веруваат дека преговорите ќе бидат особено тешки бидејќи Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), како домаќин на следната Светска климатска конференција, не се очекува да преземат какви било чекори за ставање крај на производството на енергија од нафта и гас.


На Светската конференција за климата, позната како COP28, од 30 ноември до 12 декември, се очекува глобалната заедница да ги процени досегашните напори за борба против климатските промени и да ги спореди со целите договорени на климатската конференција во Париз во 2015 година.

– За многу луѓе во светот прашање на опстанок е да се ограничи затоплувањето на нашата планета на 1,5 степен Целзиусов, изјави извршниот секретар на ОН за климата, Сајмон Стиел.

Тој додаде дека „проценката на ситуацијата во Дубаи нуди можност за справување со неопходните промени со нова сила и јасна перспектива“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK