Американската војска денеска објави видео од „небезбеден“ кинески маневар во Тајванскиот теснец. Инцидентот се случил во саботата додека американски разурнувач и канадска фрегата биле „во слободна пловидба“ низ теснецот.
Брод на кинеската морнарица го блокирал патот на американскиот разурнувач, принудувајќи го да забави за да избегне судир.
Индо-пацифичката команда на американската војска соопшти дека кинескиот брод ги прекршил поморските правила за безбедно минување во меѓународните води.
Американските медиуми јавуваат дека кинескиот брод не се обидел со сличен маневар кога поминала канадската фрегата, што пловела зад американскиот разурнувач.