САД кренаа воени авиони во лов на мала „Цесна“ над Вашингтон

voen-avion
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американските власти вчера кренаа во воздух група воени авиони во лов на мал авион што неовластено навлегол во воздушниот простор над пошироката област Вашингтон, а потоа се урна во Вирџинија.

Воени авиони го пробиле звучниот ѕид над главниот град на САД за да стигнат до малиот авион „Цесна Сотејшн“,( Cessnа Citation) што може да превезе седум до 12 патници, соопштија официјални лица.


Во времето кога воените ловци го пробиле воздушниот ѕид, „Цесната“ се урнала во ридско подрачје во југозападна Вирџинија, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА).

Воените авиони не биле причина за падот, тврди неименуваниот функционер.

Според информиран извор, се верува дека „Цесната“ била управувана на автопилот и не одговарала на повиците од контролата на летање.

Авионот „Цесна“ полетал од аеродромот во Елизабетон, во сојузната држава Тенеси и била на пат за аеродромот Мекартур на њујоршкиот Лонг Ајленд, на околу 80 километри источно од Менхетен, се наведува во соопштението на ФАА.

Од ФАА додаваат дека овој инцидент ќе го истражува Националниот одбор за безбедност на транспортот.

Според интернет страницата за следење летови Flight Aware, се чини дека „Цесната“ се приближила до пошироката област на Њујорк пред да направи нагло свртување за речиси 180 степени и да заврши во Вирџинија.

Воените авиони Ф-16 биле испратени од базата Ендрјус, јави Еј-би-си Њуз, цитирајќи неименуван официјален претставник. Најмалку еден од воените пилоти видел дека пилотот на „Цесната“ бил онесвестен, соопшти Еј-би-си .

Пробивањето на звучната бариера вознемири многумина во Вашингтон, кои твитнаа за силна бучава и тресење на земјата и ѕидовите.

Неколку жители пријавиле дека ја слушнале вревата дури до Вирџинија и Мериленд.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK