Пентагон ги оценува активностите на Кина во Азија како се поризични

pentagon_345345234234354
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 Американското Министерство за одбрана денеска ги осуди „се поризичните“ акции на кинеската војска во Азија по двата инциденти меѓу силите на двете земји во измиантите денови.

„Остануваме загрижени за се поризичните и насилните активности на Народноослободителната армија во регионот, вклучително и последните денови“, изјави портпаролот на Пентагон, генерал Пет Рајдер, кој е заедно со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин на безбедносна конференција во Сингапур.


Тие изјави беа дадени по двата инцидента меѓу американската и кинеската војска во Тајванскиот теснец и Јужното Кинеско Море во изминатите десет дена. Американската морнарица вчера обвини кинески брод дека „опасно“ се движел околу еден негов разурнувач кој пловел низ Тајванскиот теснец придружуван од канадски брод.

Кина не го спомна инцидентот, но ги обвини САД и Канада дека „намерно предизвикуваат проблеми во Тајванскиот теснец“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK