– Две жртви во тешката сообраќајна несреќа на автопатот Штип – Свети Николе на околу половина километар од патарината кај село Кадрифаково. Несреќата се случила во 12:10 часот меѓу две возила.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова, за МИА потврдува дека станува збор за несреќа во која животите на самото место ги загубили 15-годишно девојче и 62-годишна жена. Повредени има и тоа со тешки телесни повреди, нивниот број се уште не се знае, а од страна на екипите на Брзата помош се транспортирани во штипската Клиничка болница.
Возила на Брза помош и на Територијалната Противпожарна единица – Штип се на терен, сообраќајот на автопатот во правец од Штип до клучката кај Кадрифаково е во прекин, а полицијата го пренасочува по стариот регионален пат.
Во моментов во тек е увид од страна на истражните органи.