– Малолетен велосипедист, вчера бил тешко повреден во Охрид, откако во него удрило патничко возило „поло“ со прилепски регистарски ознаки, по што двајцата учесници го напуштиле местото.
Како што соопшти МВР, сообраќајната несреќа се случила во 07.45 часот на ул.„Питу Гули“ во Охрид.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил малолетниот охриѓанец, кои му биле констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, се преземаат мерки за расчистување на случајот.