– Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола вчера во 09:40 часот го лишиле од слобода С.Д.(18) од Битола.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, при претрес во неговиот дом во Битола, извршен со судска наредба, бил пронајден и одземен кокаин.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.